KAKO ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА ЕВС

Аплицирањето е многу лесно и се одвива во неколку чекори:

1. Подгответе го вашето CV и мотивационо писмо
Европскиот образец за CV (Europass) можете да го преземете од:
http://europass.cedefop.europa.eu/sites/default/files/cvtemplate_6.doc
Пополнете го со вашите лични податоци.
Мотивационото писмо не мора да биде подолго од една страна.
Во него, во посебни пасуси, претставете се, објаснете кои се вашите вештини и желби, зошто сакате да работите на тој проект, со што би придонесле за тој проект, но и што би сакале да научите од организацијата и какви искуства ви се потребни.
За било какви прашања или корекции на CV-то или мотивационото писмо, слободно исконтактирајте нè.

2. Пронајдете го вашиот проект во базата на податоци
Базата на податоци можете да ја најдете на следниот линк:
https://europa.eu/youth/volunteering/evs-organisation_en
Можете да филтрирате и да пребарувате по држава, тип на проекти, времетраење и сл.

3. Пратете е-мејл на организацијата-домаќин
Во субјект на е-мејлот пишете за кој проект аплицирате.
Не заборавајте да ги прикачите CV-то и мотивационото писмо.

4. Доколку сте избрани или исконтактирани, наведете го Здружението на млади Инфо фронт – Прилеп како ваша организација-испраќач.
Бројот на нашата акредитација е: 2015-1-MK01-KA110-002670.
PIC кодот е: 949212416

За било какви прашања или консултации, слободно исконтактирајте нè на infofrontprilep@gmail.com.

Со среќа!!!!!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: